По повеќечасовен притвор руската полиција го пушти на слобода опозиционерот и поранешен светски првак во шах, Гари Каспаров. Тој беше уапсен вчера претпладне за време на обидот да одржи неодобрени демонстрации против претседателот Владимир Путин. Во делумно насилната акција на полицијата беа уапсени вкупно 250 противници на режимот. Денеска протестен собир се одржува во Санкт Петерсбург.