1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија прогласи дел од Северниот пол за своја сопственост!

Коментар на Хорст Клојзер

default

Ќе си спуштиш подморница под мразот и ќе речеш: Ова е мое!

Со спектакуларната подморничка акција за правото врз Северниот пол, Русија го привлече вниманието на јавноста. Засега, на морското дно е поставено само руското знаме. Меѓутоа, акцијата многу наликува на империјалните руски настапи од поблиското минато.

Срдечни честитки! – би можело да им се викне на Русите кои мајсторски изведоа компликувана техничка авантура: со мини-подморници стигнаа до дното на Арктичкиот океан под Северниот пол. Капата долу! Супер! За тоа се потребни храброст и техничка компетентност. Подеднакво како и тоа што долу беше поставено знаме од титан - сосем легитимно и како доказ за пионерството и националната гордост. Сосема О.К. Но, тука завршуваат задоволството и пофалбите. Зашто замислата на Русија своето копно да го прошири до Северниот пол е безочна. Тој им припаѓа на сите луѓе, па така и рудните богатства што се претпоставува дека ги има. Дали меѓународните договори за морињата во кои се дефинирани територијалните води имаат смисла или не, овде нема да биде анализирано. Меѓутоа, барањето едноставно е безобразлук. Поврзаност со копното, таму или ваму: кога и САД би го презеле истиот чекор и го прогласат Северниот пол за сопствен, бурата ќе биде огромна.

Воопшто не е невешто она што го прави Русија. Многу ретко земјата има причини да биде горда на себе. Спутник и Гагарин беа одамна, како и големите музичари, писатели или сликари. Оттогаш Советскиот сојуз имаше слаби адути. Интерконтинентални ракети, место научни успеси; закани со нафта и гас, место сопствени технички достигнувања. И сега – Северниот пол!

Се чини дека на Кремљ во моментов му е до драматични акции. Се има намера атомските ракети да се програмираат кон цели во Европа, а на Англичаните да им се предочува што треба да се подразбере под независно разјаснување на убиство; за Москва терористичкото здружение на Хамас и натаму може да се толерира, исто како и Мулите во Техеран. Договорите за разоружување постојат за да се напуштаат, а славините за гас за да се затвораат. Така, во погодна ситуација, може да се одземе и Северниот пол и да се прогласи за руска сопственост. Зошто не одеднаш и целото Северно Море, а кога веќе сме тука, и Црното, како и Каспиското!

Порано, вакво нешто се нарекуваше империјализам. Денес тоа спаѓа во рубриката „Повторно силна Русија„.

Меѓународната заедница би требало да внимава, во признанието на техничкото мајсторство во Арктичкиот океан, да не превиди дека екипата во Кремљ и’ е до повеќе од само флората, фауната и геологијата. Русинот на Северниот пол калкулира „мртов студен„. Тоа би требало да го направи и Запад.

Хорст Клојзер