1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија предлага истрага на ОН за заробените британски маринци

Во конфликтот околу заробените британски војници од страна на Иран, Русија предложи истрага на ОН. Настаните мора точно да бидат обработени и да биде подготвен независен извештај, рече рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Јаковенко. По средбата со него, британскиот амбасадор во Москва Ентони Брентон изјави дека неговата земја смета и на добрите контакти на Русија со Иран.