1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија полага на натамошна соработка со САД

Русија е подготвена на соработка со САД и покрај откажувањето на билатералната средба од претседателот Обама, објави советник на Путин. Во Вашингтон се очекува претседателот на САД да се произнесе по ова прашање.

Кремљ беше подготвен на откажувањето на посетата на американскиот претседател Барак Обама на Москва и таа одлука ја прими мирно, изјави денеска помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Тој наведе дека Русија е уверена дака контактите повторно ќе бидат воспоставени бидејќи нивното отсуство би водело во ќорсокак. Помошникот на Владмир Путин посочи дека Москва веќе упатила одговор до Вашингтон, изразувајќи разочарување поради откажувањето на посетата, додавајќи оти поканата до Обама и понатаму е отворена.

„Билатералниот дијалог е важен не само за Русија и САД, туку и за стабилноста и безбедноста во светот“, изјави Ушаков.

Edward Snowden Visum für Russland 01.08.2013

Едвард Сноуден може да работи во Русија

Белата куќа во средата ја откажа билатералната средба меѓу Обама и Путин во Москва, откако поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден доби привремен азил во Русија.

Во меѓувреме руските власти обелденија дека пребеганиот поранешен соработник на американската разузнавачка агенција ЦИА, Едвард Сноуден, во правна смисла е слободен да патува ширум Русија и да се занимава со која било работа, освен државна служба, рече денеска Олег Молодијевски, висок руски функционер за миграции.

За првпат откако Сноуден ги обелодени информациите за програмите за масовно шпионирање на комуникацијата од страна на американската тајна служба НСА претседателот Барак Обама денеска (09.08.) ќе одговара на прашања на новинарите на прес-конференција во Белата куќа во Вашингтон. Се очекуува за првпат и лично да проговори за неговата одлука да ја откаже посетата со рускиот преседател Путин.