1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Русија повторно светска спортска велесила

Триумф на домашната Олимпијада. Првпат по 1994 година Русија повторно го освои првото место според бројот на медали на Зимските олимписки игри. Зад неа се Норвешка и Канада.

Иако Олимпијадата спортски за неа започна лошо, Русија на крајот сепак, за првпат по цели 20 години, е повторно најдобра нација според бројот на медалите на Зимските олимписки игри. Домаќинот на Олимпијадата во Сочи, благодарение на успесите постигнати на денешниот последен ден на игрите од страна на Александар Субков во боб четворосед и на Александар Легков во маратонот во скијачко трчање, успеа во вкупниот биланс да собере 13 златни медали. Згора на тоа, руските спортисти на Олимпијадата освоија и 11 сребрени и девет бронзени медали. Вкупно 33 медали - тоа е рекорд за Русија на Зимските олимписки игри. Досега најдобриот биланс беше 29 медали, освоени на Олимпијадата во Калгари во 1988 година, тогаш сѐ уште како СССР. Но тогаш во Канада имаше далеку помалку натпреварување отколку на Игрите во Сочи.

Сепак, ништо не може да ги спречи Русите да го слават новото раѓање на светската спортска суперсила.

Втора најдобра нација според бројот на медали во Сочи е Норвешка со 11 златни, 5 сребрени и десет бронзени медали, додека на третото место е Канада со десет златни, десет сребрени и пет бронзени медали.

Германија го освои шестото место со вкупно 19 медали, од кои 8 златни, шест сребрени и пет бронзени медали, што за оваа земја, која и натаму го држи рекордот по освоени медали на зимските олимпијади, според експертски оценки, е неуспех.

Инаку последниот златен медал на ЗОИ во Сочи го освои машката хокеарска репрезентација на Канада, која ја одбрани титулата освоена пред четири години на Олимписките игри во Ванкувер. Во финалето на ЗОИ во Сочи, попладнево (23.02) Канада ја совлада Шведска со 3:0 (по третини 1:0; 1:0; 1:0). Стрелци на головите беа Џонатан Товс (13.минута), Сидни Кросби (36.минута) и Крис Куниц (50.минута).

Во натпреварот за бронзениот медал вчера Финска ги победи САД со 5:0.