1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија повторно е на големата сцена

Нафтата, гасот, но и испораките на оружје и’ се токму добредојдени средства на Москва за ширење на нејзиното влијание

Владимир Путин ја врати Русија на големата сцена

Владимир Путин ја врати Русија на големата сцена

Рускиот претседател Владимир Путин од Италија вечер патува за Грција, каде утре треба да потпише договор за изградба на нафтовод од Црното коре, преку Егејот кон Запад. Многу европски земји се зависни од руските испораки на гас и нафта. Оттука и загриженоста и прашањето: кон што се стреми Русија?

Нема дилеми: Русија повторно е на големата сцена. Самоуверена, силна, подготвена и да не се воздржува од конфликти. Говорот на претседателот Путин во Минхен ги нагласи амбициите на најголемата земја на светот повторно да заземе важно место во светската политика. Но, останува отворено прашањето: дали порастот на влијанието е резултат на вешто дипломатско тактизирање или е само гола последица на добро наполнетиот трезор на Русија. Резерви од 300 милијарди долари во злато и девизи, буџетски суфицит и еден таканаречен фонд за стабилност во кој веќе се слеаја преку 100 милијарди долари од енормните добивки од индустријата на нафта и гас.

За американскиот потпретседател Дик Чејни работата е јасна: минатата година тој рече дека постапките на руската влада се контрапродуктивни и можат да ги оптоварат односите со други земји; кога нафтата и гасот со манипулации при снабдувањето или со монополизацијата на транспортните патишта се употребуваат како средства за застрашување и уценување, тоа не им служии на никакви легитимни интереси.

Со агресивниот говор одржан минатата година во Литванија Американецот ја налути целокупната политичка елита на Русија. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров напомна дека таквите прекори не се нови: “Тоа го слушавме и порано, но од поневажни политичари. Американскиот потпретседател треба да биде информиран за тоа дека нашата земја, порано Советскиот Сојуз, сега Русија, во последните 40 години ни еден единствен пат не ги прекрши своите договори за испораки на нафта и гас во странство”.

Директните соседи на Русија на тоа можат поинаку да гледаат: цените на нафтата и гасот беа драстично зголемени за Грузија и Украина оти тие се ориентираа кон Запад и отворено кокетираат со ЕУ и НАТО. Уследија Молдавија и годинава за прв пат и инаку на Москва верната Белорусија. Но, претседателот Путин се брани со пазарно-стопанско оправдување: “Хистеријата во мас-медиумите, во прв ред во европските држави и САД, во реалноста беше обид да се изврши политички притисок, но не врз УКраина, туку врз Русија. Намера беше да не принудат гасот да го продаваме по багателна цена како порано. На тоа му дојде крај, сите мораат да платат иста цена”.

Од најавите и барањата на политичкото раководство може да се осознае дека Русија не сака понатаму да зависи само од приходите од суровини и мора да ја диверзифицира својата економија. Со ревносна дипломатија во Централна Азија, Јапонија, Кина и на Блискиот исток Путин се обидува да ја искористи политичката слабост на Америка и да ги отстрани колчињата на своето влијание. Нафтата, гасот, но и испораките на оружје притоа и’ се токму добредојдени средства на Москва.