1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија – опозиција – протести

По повеќечасовен притвор руската полиција го пушти на слобода опозиционерот и поранешен светски првак во шах, Гари Каспаров. Тој беше уапсен претпладнето за време на обидот да одржи неодобрени демонстрации против претседателот Владимир Путин. Во делумно насилната акција на полицијата беа уапсени вкупно 250 противници на режимот. За денеска се планирани протестни собирања во Санкт Петерсбург.