1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија: нови преговори за Косово без временско ограничување

*

Русија во соопштение на Министерството за надворешни работи ги повика западните земји “да извлечат добри заклучоци” од нивниот неуспех по прашањето за Косово и “временски да не ги ограничуваат” новите преговори за статусот на покраината.

По заканите со вето од страна на Русија, пропаднаа сите обиди на западните земји да издејствуваат резолуција на Советот за безбедност на ОН за идниот статус на Косово, со која би се отворил пат за негова независнсот. Сега настојувањата за изнаоѓање решение треба да продолжат во рамките на Контакт-групата за Косово.