1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија не преговара со САД за иднината на Асад?

Русија демантира дека со САД разговара околу иднината на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Весникот „Комерсант“ пишува дека Москва не го поддржува Асад лично и дека смета оти шансите да остане на власт му се мали.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рабков, коментирајќи ги тврдењата во медиумите дека Западот ја убедувал Москва да му обезбеди политички азил на Асад, денеска изјави: „Не разгоvараме за иднината на сирискиот претседател. Во повеќе наврати рековме дека сирискиот народ треба да одлучи за власта во Сирија“, рече Рабков за агенцијата Интерфакс.

Западните држави и најмногу САД активно се обидуваат да ја убедат Русија да го прифати сирискиот претседател и да му даде политички азил, пишува денеска рускиот весник „Комерсант“, повикувајќи се на дипломатски извори во Москва. Според истиот извор, Русија всушност „немала и не планира“ да му даде засолниште на Асад. Друг извор за весникот тврди дека Москва не го поддржува Асад лично и дека дури смета оти шансите да остане на власт му се мали.

Петте постојани членки на Советот за безбедност, како и Турција и Арапската лига, во саботата (30.06) во Женева се договорија околу принципите на политичка транзиција во Сирија. САД усвојувањето на таа спогодба го толкуваат како индиректна согласност на Москва за заминување на Асад, пишува „Комерсант“.