1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија не ги испушта конците од рака

По конфликтот околу гасот меѓу Москва и Киев, ЕУ настојува, колку што може повеќе, да ја намали зависноста од рускиот гас. Но, Москва не ги испушта конците од рака. Како Русија се справува со новите планови на ЕУ?

default

Рускиот премиер, Владимир Путин беше видно разлутен: прво ЕУ и Украина потпишуваат спогодба, со која се основа независно претпријатие кое ќе раководи со гасоводната мрежа, без притоа да ја информираат Русија, како лиферант на гасот, а потоа се склучува уште една долгорочна и сеопфатна енергетска соработка меѓу Туркменистан и енергетскиот концерн „РВЕ“. Путин го опомена најважниот енергетски менаџер, шефот на Гаспром, Милер, и вицепремиерот Сечин: „Држете ја ситуацијата под контрола! Негувајте ги контактите, не заборавајте го тоа!“

Русија мора повеќе да се ангажира

Ако Русија сака и во иднина да ги држи конците в рака, тогаш руските енергетски експерти мораат да бидат поактивни, смета и

Gasstreit Russland Ukraine Gashahn wird zugedreht Gazprom Gas Gas-Verteiler-Station in Ungarn

Русија располага со техника која постојано се развива

претседателот на руската асоцијација за гас, Валериј Јазев: „Го повикувам Гаспром да го откупи целиот гас што доаѓа од централноазиските земји.“

Тоа што Туркменистан склучува договори и со други клиенти, за Јазев е сосема разбирливо. Секоја земја се обидува, колку што е можно повеќе, да профитира од своите природни богатства. Но, во иднина, на земјите од Централна Азија мора јасно да им се стави до знаење дека Русија, за нив, е најдобриот бизнис-партнер. „Ние располагаме со сеопфатни геолошки познавања, а тука е и нашата техника, која постојано се одржува, поправа и развива. Мораме да одржуваме блиски контаки, пред се‘ со Туркменистан, Казахстан и Узбекистан, а да не ги забораваме и Киргистан и Таџикистан. Ним мораме да им ја понудиме секоја форма на помош, со цел да се развијат пазарите на нафта и гас во овие земји“, смета претседателот на руската асоцијација за гас, Валериј Јазев.

Соодветна реклама во оваа насока ќе направат Сечин и Милер на енергетската конференција во Ашхабад, Туркменистан, што почна вчера (23.04.2009).

„Набуко“ не може да и` парира на Русија

Уште една од предностите на Русија, истакнува Јазев, е тоа што земјата веќе располага со функционален гасоводен систем. Земјата може да ја отплаќа купената нафта и да гарантира

Deutschland Gas Pipeline Opal wird bei Greifswald verlegt

Јазев: „Набуко“ е политички проект

целосна искористеност на капацитетите - за разлика од гасоводот „Набуко“, со кој Европејците сакаат да и` парираат на Русија. Според Јазев, кај „Набуко“ две работи се спорни: како прво, не се нуди целосно искористување на капацитетите и второ, проблематична е трасата: „За мене ’Набуко’ е чисто политички проект. Едноставно нема економска содржина во него“, вели Јазев.

Јазев, исто како и раководството во Кремљ, се сомнева дека целта на Европа е да ја истисне Русија од енергетскиот пазар. Москва е сигурна дека се работи за многу повеќе, отколку само за нудење на уште една гасоводна опција. „Почнете од спогодбата што ја потпишаа ЕУ и Украина. Тоа е резултат на долготрајното ангажирање на Унијата да се ослободи од Русија и Гаспром“.

Русија не се откажува така лесно

А, Европејците веќе можат да го почувстуваат руското негодување - премиерот Путин нема да се појави на енергетскиот самит во Софија. Како што велат руските медиуми, од него

Kasachstan Pipeline Messgerät

Гасовод на Касписко Море

секако нема да произлезе резултат, погоден за Русија. И претседателот на руската асоцијација за гас е на сличен став: „Ако конференцијата во Софија во која било форма ги прифати нашите аргументи, тогаш таа нема да биде залудна“, смета Јазев.

Русија ќе стори се` за да ги спроведе своите интереси, сеедно дали се работи за Енергетската повелба, за пристапот до европските пазари, за новите транзитни правила, или, пак, за експлоатирањето на Каспиското Море. Ова се воедно и темите на конференцијата што вчера почна во Москва, на која ќе присуствуваат само претставници на фирмите од земјите што излегуваат на Касписко Море.

Автор: Кристина Нагел / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM