1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија нема планови за уништување на сириско хемиско оружје на нејзина територија

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, денеска (19.09) изјави дека во моментов не постојат планови да се уништуваат резервите на сириското хемиско оружје на територија на Русија.

Шојгу соопшти дека тоа не е предвидено ниту со договорот на таа тема меѓу САД и Русија. Запрашан за плановите на таа тема од Интерфакс тој кратко одговори:„ Најпрвин мора да биде донесено одлука за ваков потег, ние имаме фабрики каде хемиското оружје може да се уништи, но постои голема разлика помеѓу „сакаме“ да помогнеме и „можеме“ тоа да го направиме“.

Во Русија постојат седум места каде се уништува хемиското оружје од советската ера.

Русија и САД се договорија да ги стават под меѓународна контрола резервите на хемиско оружје кои Асад ги поседува. Договорот дојде по сѐ почесто најавуваниот напад на САД врз Сирија, кој требаше да биде порака за Асад дека не смее да го користи овој вид оружје. САД сметаа дека сириската армија по наредба на Асад извршила напад со хемиско оружје на 21-ви август, и инсистираа дека за тоа имаат јасни докази. На крај, беше постигнат договор со кој Асад се обврза дека до средината на наредната година ќе го уништи својот арсенал на хемиско оружје.

Сепак, се чини дека овој план има доста логистички недостатоци.

Само САД и Русија имаат капацитети да се справат со уништување на ваков вид оружје, а неговиот увоз во САД е забрането со закон, што ја остава само Русија како опција за уништивање на муницијата полна со сарин, ВХ, и цијанид.