1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија-Косово

Официјална Москва го отфрли текстот на дополнетата резолуција во советот за безбедност на ОН за статусот на Косово и се закани со вето доколку предлогот биде ставен на гласање. Кремљ смета дека предлогот, поддржан од САД, Велика Британија, Франција и Германија содржи минимални измени и ја реафирмира поддршката за планот на Марти Ахтисари за независност на покраината. Русија го повтори ставот дека ќе поддржи решение кое ќе произлезе од директни преговори меѓу Белград и Приштина.