Русија – Косово | Вести | DW | 17.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија – Косово

Русија денеска предложи преговорите за статусот на Косово да продолжат со нов посредник на ОН. Актуелниот посредник Марти Ахтисари ги заврши преговорите меѓу Белград и приштина со предлогот во кој на покраината и‘ се птвора моќжност за добивање независност. Таквиот предлог официјална Моксва го окарактеризира како избрзан и соопшти дека се неопходни дополнителни преговори за определување на конечниот статус. Ахтисари во четвртокот ги прекина преговорите и и го достави својот предлог до ОН без да се обидува да добие согласност на Србија за планот. “Доколку Ахтисари сторил се‘ што е во негова моќ, може да се најде и нов посредник“ - нагласи шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.