1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија – Косово - нови преговори

Русија отворено се заложи за сменување на посредникот на ОН за статусот на Косово, Марти Ахтисари. Претседателот на рускиот Совет за безбедност Игор Иванов изјави дека не се исцртува никаква согласност околу планот што го поднесе Ахтисари. Затоа треба да има нови преговори со нов посредник – нагласи Иванов. Вчера со изјава во таа насока се јави и шефот на руската дипломатија Сергеј Иванов.