1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија и Франција за Иран

*

Многу е важно Европа да остане единствена во однос на прашањето за Косово кое пред се е работа на европските држави. Ова денеска во Москва го изјави францускиот претседател Николас Саркози, по разговорите со неговиот домаќин Владимир Путин. Што се однесува до пролемот со атомската програма на Иран, Русија, според зборовите на претседателот Владимир Путин, е убедена дека атомската програма на Иран служи само за мирољубиви цели. Кремљ не располага со никакви информации дека раководството во Техеран настојува да изгради атомска бомба, изјави Путин.