1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија и Франција ги приближија ставовите околу Иран

*

Франција и Русија според зборовите на францускиот претседател Никола Саркози ги приближиле ставовите околу спорот со иранската нуклеарна програма. На разговорите во Москва, Саркози и Владимир Путин се согласиле дека Техеран има потенцијал за развој на нуклеарно оружје. Путин сепак се сомнева дека Иран ќе произведе атомска бомба. Саркози од своја страна повторно се изјасни за заострени санкции. Двајцата претседатели денеска ги продолжуваат разговорите во Кремљ.