1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија и официјално членка на Светската трговска организација

По 18-годишни преговори, Русија е примена како 154-та членка на Светската трговска организација. Министерската конференција на СТО денеска (16.12.2011) и официјално го одобри приемот на Русија во организацијата

default

Знамето на Русија со симболот на СТО

Светската Трговска Организација и формално го одобри членството на Русија во оваа организација , ставајќи им со тоа крај на 18- годишните преговори за условите за пристапување на Москва кон глобалниот трговски клуб. На церемонијата во Женева присуствуваа претставници на повеќе држави.

Десет години по приемот на Кина, Русија е последната од најголемите крупни економии која станува членка на организацијата.

Претходно Рускиот премиер Владимир Путин го потпиша протоколот неопходен за завршување на процедурата за приклучување на Русија во Светската трговска организација (СТО).
Руската влада на 13 декември го одобри протоколот за членство на Руската Федерација во СТО, кој на министерската конференција на Организацијата ќе беше потпишан од руската министерка за економски развој Елвира Набиулина.
Потоа Русија во рок од 220 денови ќе треба да го ратификува документот во Парламентот.
Русија најдоцна до 23 јуни 2012 година, односно 30 дена откако рускиот претседател ќе го ратификува документот, ќе стане полноправна членка на СТО.
Русија е еден од рекордерите по должината на процесот за членство во СТО, што трае 18 години, од 1993 година. Преговорите за членство во СТО подолго ги води само Алжир, од 1987 година.

Автор:ЖА/СН/ртр/миа

Редактор: Симе Недевски