1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија и натаму надвор од СТО

Со работна или свечена вечера, сеедно, вечер во Санкт Петерсбург почнува самитот на Групата - 8 најразвиени индустриски земји. Прв уште вчера допатува американскиот претседател Џорџ Буш кој денска имаше политички разговори со домаќинот на самитот, рускиот претседател Владимир Путин. Тие не постигнаа согласност за руски влез во Светската трговска организација:

Буш и Путин со сопругите во Санкт Петерсбург

Буш и Путин со сопругите во Санкт Петерсбург

„Скоро бевме готови, но има уште малку работа„, изајви Буш по средбата со Путин во врска со натамошното американско блокирање на рускиот влез во Светската трговска организација.

Буш укажа на тоа дека согласноста треба да ја одобри и американскиот конгрес. Ќе продолжиме да преговараме. Наша цел е Русија да биде примена„, рече американскиот претседател:

„Ние сме тврди преговарачи и затоа сакаме да постигнеме договор што ќе го прифати и нашиот конгрес. Но, верувам дека сме фер-преговарачи и ние сакаме Русија да пристапи кон СТО„.

Ниту Путин многу не се противеше на ваквата оценка: „Иако имаме добри лични односи, сепак мораме да ги застапуваме нашите национални интереси. Станува збор за милијарди рубли и долари„, изјави рускиот претседател. Инаку, спорни се субвенциите во земјоделството, контролата на хигиената на растителни и месните производи, царините, како и приспат кон пазарите за финансиски услуги. Од обете страни се истакнува дека иако не беше постигнат договор, напредокот е значаен.

Затоа пак Путин и Буш се согласија со иницијативата за борба против атомскиот тероризам за што потпишаа соодветна изјава во Санкт Петерсбург. „Нукалеарниот материјал никако не смее да се најде во рацете на терористи„, подвлече Путин.

На самитот на Г-8 што почнува вечер, шефовите на држави или влади ќе разговараат за конфликтот на Блискиот исток и за атомскиот спор со Иран. Втора централна тема е безбедноста во снабдувањето со енергија во светот. Германската канцеларка Ангела Меркел се очекува во Санкт Петерсбург да допатува попладнево.