1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија и Кина против осуда на Сирија

Текстот на резолуцијата претставуваше ублажена варијанта на претходните нацрти и беше повлечена заканата со санкции за Сирија

default

Русија и Кина ставија вето за резолуција на Советот за безбедност на ОН во која се осудува Сирија. Резолуцијата беше поднесена од Франција, Германија, Велика Британија и Португалија.

За поддршка на резолуцијата гласаа девет држави и четири се воздржаа.

„САД се вознемирени од неприфаќањето на резолуција на Советот за безбедност на ОН бидејќи пропадна обидот за заземање однос спрема морален предизвик и растечка закана за регионалниот мир“, изјави Сузан Рајс, постојан претставник на САД во ОН. Таа ги осуди државите кои се спротиставија на резолуцијатакои според неа, „би претпочитале да продаваат оружје за сирискиот режим“.

Текстот на резолуцијата, кој беше предмет на гласање синоќа, претставуваше ублажена варијанта на претходните нацрти и беше повлечена заканата со санкции доколку сирискиот режим ги игнорира меѓународните повици за прекин на насилното гушење на продемократските протести. И покрај тоа, што од тестот беше целосно исфрлен зборот санкции, тоа не беше доволно за Русија и Кина, кои сепак вложија вето.

Нацрт текстот на резолуцијата го изготвија неколку држави предводени од

Франција, чиј амбасадор во ОН, Жерар Арау изјави дека „ветото нема да ги

сопре“ и дека „ниту едно вето не им дава за право на сириските власти да

прават што сакаат. Москва се противи на санкции кон Дамаск бидејќи смета дека таков конфротирачки пристап води против мирното решавање на кризата, изјави рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, изразувајќи загриженост дека резолуцијата би ја отворила вратата кон воена интервенција, слична како онаа во Либија. Кинескиот амбасадор, пак, изјави дека Пекинг се противи на мешањето во „внатрешните работи на Сирија“.

Автор: ЖА/дв

Редактор: Симе Недевски