1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Русија и Катар домаќини на следните две светски првенства во фудбал

Русија и Катар ја добија организацијата на следните два фудбалски Мундијали, во 2018 и 2022 година. Обете земји за првпат ќе бидат организатори на настанот. Следното првенство во 2014 ќе се одржи во Бразил

default

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер ги соопшти имињата на организаторите во Цирих

Русија и Катар ќе бида домаќини на светските првенства во 2018 и 2022 година, одлучи извршното тело на светската фудбалска организација ФИФА. Во Цирих, каде се одвиваше гласањето на свечена церемонија на руските и на катарските претставници веднаш им беа предадении копииод трофејот кој се доделува на светскиот првак.

Меѓу кандидатите за домаќини на светскиот куп во 2018 година беа и Англија, Холандија и Белгија и Шпанија и Португалија, со заеднички кандидатури.

Лобирањето за организацијата на, според многумина најзначајниот спортски настан во светот, не мина без политички влијанија и притисоци. За британската кандидатура покрај премиерот Дејвид Камерон, лобираше и принцот Вилијам но тоа очигледно не помогна многу затоа што Британците испаднале уште во првиот круг, додека зад руската цврсто застана премиерот Владимир Путин, иако во последен момент одлучи да не патува на соопштувањето на името на победникот во Цирих.

Организацијата на турнирот во 2022 му припадна на Катар. Покрај малата азиска држава, за организацијата се бореа и Австралија, САД, Јужна Кореја и Јапонија.

За домаќините на следните две светски првенства одлучуваа 22-та извршни членови на бордот на ФИФА на тајно гласање. Одлучувањето за кандидатурите во изминатите месеци го следеа низа скандали, откако беше откриено дека неколкумина членови на светската фудбалска организација се вмешани во корупциски скандали. Двајца функционери беа суспендирани, додека за останатите осомничени постапката беше прекината во пресрет на гласањето.

Автор: БГ/афп

Редактор: Александра Трајковски