1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија и Иран: спорот да се реши со дипломатија

*

Русија и Иран се договорија спорот околу атомската програма да се реши по пат на преговори. Во соопштение по средбата на иранскиот и рускиот претседател Ахмаднинеџад и Путин во Техеран се вели дека дипломатијата има предност. Москва одбива заострување на санкциите за кои се залагаат, САД, Русија и Германија доколку Техеран не ја прекине спорната атомска програма. Путин исто така му гарантираше на Иран дека руските фирми ќе си ја завршат работата на изградбата на првата атомска централа во земјата. Претходно двете страни ќе потпишат договор за неширење на атомско оружје, се вели во соопштението по средбата.