1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија-Иран

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин ги демантираше информациите дека Москва му поставила ултиматум на Иран дека ќе ја повлече испораката на нуклеарно гориво доколку продолжи да ја развива нуклеарната програма. Веста која ја објави американскиот весник Вашингтон Пост ја демантираше и Техеран. На утрешната седница на советот за безбедност на ОН ќе се расправа околу нацрт резолуцијата за воведување санкции кон Иран која ја усвоија петте постојани членки и Германија. На седницата треба да присуствува и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад кој од американските власти доби дозвола за виза за влез во земјата. Стејт Департментот очекува Ахмадинеџад да ги прифати барањата на меѓународната заедница и да го запре процесот на збогатување ураниум.