1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија – интерконтинентални ракети

*

Во одговор на американските планови за стационирање анти-ракетен штит во Европа, Русија најави стационирање на новите ракети од типот РС-24. Потребни се само уште пет проби на новите ракети, кои потоа можат да бидат оперативни најдоцна до 2010. година, најави коменадантот на руските ракетни единици, генерал Николај Соловзов. Според руски воени извори, новите ракети можат да транспортираат и повеќе нуклеарни боеви глави и со тоа да ја совладаат противничката одбрана. Во американските планови за инсталирање анти ракетен штит во Полска и во Чешка Русија гледа закана за сопствената безбедност.