1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија им се закани на Американците

Началникот на Генералштабот на руската армија Николај Макаров се закани со превентивен напад на американскиот антиракетен штит во источна Европа доколку Вашингтон продолжи да го спроведува планот за поставување на штитот

Доколку ситуацијата и натаму се влошува, ќе биде донесена одлука за уништувачки напад, изјави првиот човек на Генералштабот на руската армија Николај Макаров за време на конференцијата за противракетна одбрана, што почна денеска (03.05) во Москва. Рускиот претседател Дмитри Медведев лани се закани дека неговата земја воено ќе реагира доколку не се постигне договор со САД за распоредување на штитот. Преговорите меѓу Русија, НАТО и САД за антиракетниот штит во меѓувреме западнаа во ќорсокак. НАТО смета дека антиракетниот штит е неопходен поради опасноста од ирански ракетен напад, додека Русија во штитот гледа пред се‘ средство со кое ќе се намали значително потенцијалот на застрашување што го има руското атомско оружје. НАТО наведе дека сака да соработува со Русија околу ракетниот штит, но отфрла можност да раководи со штитот заедно со Москва. Рускиот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков денеска изјави дека ситуацијата околу штитот е „во ќорсокак“. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен најави дека Алијансата ќе објави крај на првата фаза на распоредување на антиракетниот штит во источна Европа на самитот во Чикаго.