1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Русија има потенцијал да стане аграрна супер-сила

Успешни приказни, земјоделските фирми во Русија кои добро работата ги бришат долговите и постигнуваат добивка. Сепак постои и загриженоста за аграрен сектор на земјата.

default

Потенцијал има, а Русија увезува 75 проценти од потребите за месо.

Директорот Виктор Орлов со право е горд на земјоделската фирма во селото Пелагијада кај Ставропол: „Кога дојдовме таму на барање од регионалната управа, фирмата имаше преку милион евра долгови кон државата. Работниците цела година не беа примиле плата. Имаше само еден трактор и една вршалка. Од 7 илјади хектари се обработуваа само 350.“

За земјоделството повторно да тргне напред на Орлов му требаа пари. Имаше среќа и не само што најде инвеститори, туку и такви што беа стрпливи. Во период од три години тој внесе во фирмата 4 ипол милиони евра. Со успех: „Прогнозата за оваа година е профит од преку 2 милиона евра. Ги израмнивме сметките, па сега и инвеститорите заработуваат пари.“

Аграрниот сектор во Русија предизвикува загриженост

Другите фирми имаа помалку среќа. Уделот на нерентабилни фирми, според информациите на министерството за земјоделство, изнесува 35 проценти. Техниката им е застарена. Се смета дека од преку 76 илајди вршалки во Русија, половината не се во погон. Аграрниот сектор во Русија, отворено признава министерот за земјоделство Алексеј Гордеев, предизвикува загриженост:

„Има цела низа проблеми: техниката е назадна. Животниот квалитет во селата низок, таму е потребна нова инфраструктура, како техничка, така и социјална, има и демографски проблеми. Би можел уште да набројувам.“

На пример, месото и производството на млеко: 65 проценти од потребното месо во Русија се увезува. Млечното производство се смета за недоходовно. Само во едно подрачје работите одат добро.

Позитивнио се развива Краснојарски Крај

Посебно позитивно се развива таканаречениот „појас црна земја“ на кој му припаѓа и Краснојарски Крај во јужниот дел на Русија. Скоро целото руско производство на винско грозје, чај и лимони доаѓа од тој крај. Земјоделците се лидери и во производството на сончоглед, шекерна репка и житарици.

Благодарение на големата побарувачка и добрите жетви, Русија во меѓувреме стана третиот најголем извозник на пченица. Руските земјоделци во есента минатата година, според проценките, произвеле 81 милион тони житарици што не се случило со години. Експертите сметаат дека без проблеми тоа може да се зголеми за 12 до 13 милиони тони. Земјоделците реагираат на побарувачката и сеат пред се зимски сорти.

Руската влада има планови за натамошен развој

Но може да биде и уште подобро, смета рускиот министер за земјоделство Алексеј Гордеев: околу 20 милиони хектари земја не се обработуваат. Владата има планови: „Прво мора да се развијат земјоделските региони за да порасне квалитетот на животот. Второ, потребна ни е конкурентски способна аграрна продукција. За тоа пак, мораме да ги модернизираме техниката и технологијата и тоа многу побргу од досега. И трето: обработливата земја, нашиот вистински ресурс, мора повторно да ја користиме.“

За тоа се потребни многу пари. Руската влада најави дека до 2012 година во модернизацијата на земјоделството ќе инвестира 16 милијарди евра. Тоа би било повеќе за трипати во однос на преходната година. Меѓутоа, од зрелост на најавената супер сила во аграрот, и покрај добрите желби, Русија е се уште доста далеку.