1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија избира нов шеф на државата

Во претседателската трка се четворица кандидати, но извесно е дека победата ќе ја однесе Димитриј Медведев, актуелниот вицепремиер и фаворит на претседателот Владимир Путин.

default

Медведев со сопругата го дадоа својот глас

Времето во Москва не можеше да биде полошо:врне снег измешан со дожд. Улиците се полни со вирови и непроодни се, па сепак луѓето во голем број одат да гласаат. „Овие избори се многу важни за Русија, иако исходот е познат. Секако дека Димитриј Медведев ќе биде идниот претседател, но колку повеќе гласови добие, толку подобро за него,“ вели една елегантна, очигледно богата жена. Но, и постарите и посиромашните се за Медведев:„Овие избори не се важни само за Русија туку и за целиот свет. Тој ми се допаѓа. Млад е и говори повеќе јазици. Затоа се надевам дека со него ќе имаме добри односи со сите земји во светот’, вели овој човек. Висок процент на излезеност на изборите - не се исклучува изборна измама Од Камчатка и Чукотка, најисточните делови на земјата каде гласањето веќе заврши се известува за голема излезност од 98%. Според првичните проценки од нив над 70% гласале за Медведев. Сепак не се е исклучена можноста за изборна измама. Медиумите јавија дека врз државната администрација, војниците и работниците е извршен притисок да излезат на гласање и да го изберат Медведев. Во спротивно ќе ја загубат работата. За нерегуларности се јавува од Санкт Петерсбург каде што регрутите морале да им ги дадат гласачките ливчиња на проверка на офицерите. Опозициониот политичар Гари Каспаров изборите ги оцени како фарса. Инаку изборните места се затвораат во 1900 часот по европско време.

DW.COM