1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија заплени радиоактивен материјал на пат за Иран

Руската царина соопшти дека на московскиот аеродром Шереметјево запленила радиоактивен материјал произведен од нуклеарен реактор, а го пренесувал патник на пат за Иран.

default

Mосковскиот аеродром Шереметјево

При денешниот (16.12.2011) преглед пред полетувањето на авионот на линијата Москва-Техеран се активирал системот за откривање на зрачење, а при контролата на багажот кај еден патник биле откриени 18 челични магацини, наведе царината во соопштението. Царината додава дека станува збор за изотопите содиум 22, кои се исклучиво производ на нуклеарен реактор, чија радиоактивност е 20 пати поголема од природното ниво. Меѓународната заедница го обвинува Иран дека развива нуклеарно оружје, додека Техеран негира и тврди дека нуклеарната програма е за цивилни цели.

Автор:ЖА/СН/макфакс

Редактор: Симе Недевски