1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија го ослободи последниот активист на „Гринпис“

По повеќе од два месеца затвор во Русија ослободен е и последниот член на екипажот на бродот на „Гринпис“ - „Арктик санрајс“. Одлуката ја донесе Апелационен суд во Санкт Петербург.

Радостана вест за Колин Расел беше соопштена преку Твитер. Организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ денеска (28.11) соопшти дека Апелациониот суд во Санкт Петербург наредил, Австралиецот Колин Расел да биде ослободен од истражен затвор со кауција од два милиони рубљи (околу 46.000 евра). „Гринпис“ оцени дека тоа е „изворедна вест“.

Претходно руски суд го продолжи истражниот затвор за Расел за натамошни три месеци, до крајот на февруари 2014 година, додека другите 29 членови на екипажот беа ослободени со кауција.

Активистите на „Гринпис“ беа обвинети поради т.н. роудитум, откако на средината на септември во Северното Поларно Море протестираа на една руска платформа против планираните дупчења за нафта во еколошки чувствителниот Арктик. Ним им се заканува казна затвор до седум години. Меѓународниот суд за поморски прашања во Хамбург побара Русија да го предаде бродот „Арктик санрајс“ и да ги ослободи активистите со кауција. Русија меѓутоа не го признава овој суд. Апсењето на активистите предизвика остри протести во меѓународни рамки.