1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија го критикува германскиот министер

Русија остро го критикуваше германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле за посетата на демонстрантите во Украина. Тоа е мешање во внатрешните работи, вели претседателот Медведев.

Рускиот претседател Дмитри Медведев со невообичаено остри зборови ја оцени постапката на германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле:

„Не е никаков проблем ако странски политичар се сретне со опозициони лидери, но се прашувам како би се чувствувале нашите германски партнери ако нашиот министер за надворешни работи се упати на собир спротивен на германскиот закон. Јас не верувам дека тоа би го вреднувале како пријателски или коректен гест“, изјави Медведев денеска за руската телевизија.

Според него, учеството на вакви манифестации може да се смета само како вмешување во внатрешните работи на земјата.

Вестервеле во средата вечерта се сретна меѓу другото со водачот на украинската опозиција Витали Кличко и излезе меѓу демонстрантите на Плоштадот на независноста. Освен тоа, тој го посети и протестниот логор на околу 3 илјади проевропски противници на владата во Киев.

Тие протестираат поради одлуката на украинскиот претседател Виктор Јанукович да го замрзне потпишувањето на планираниот Договор за асоцијација со ЕУ и наместо тоа да се поврзе потесно со Русија.