1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија ги запре испораките на гас за Украина

ЕУ и САД изразија загриженост поради спорот меѓу Русија и Украина околу испораките на природен гас. Тие ги повикаа властите во Москва и во Киев да го надминат нивниот конфликт околу новите услови за испорака на гасот.

default

Повторна ескалација на стариот спор

Украинскиот претседател Виктор Јушченко изјави дека смета на компромисно решение до средината на наредната недела.Јушченко рече дека неговата земја е подготвена да плаќа и до 210 долари за 1000 кубни метри гас. Меѓутоа Русија, во моментов, бара најмалку 250 долари.

Преговорите во последен момент завршија без резултат

Одлуката за стопирање на испораките на природен гас за Украина беше донесена вчера на почетокот на новата година во централата на "Гаспром“ во Москва.

„Во 10 часот целосно беа прекинати испораките на 110 милиони кубни метри гас на ден за Украина. Извозот на гас преку Украина во западните земји го зголемивме за 20 милиони кубни метри на ден или вкупно 326 милиони кубни метри“, изјави портпаролот на "Гаспром“, Сергеј Купријанов.

Zudrehen eines Gashahns

Ветувања дека Западна Европа нема да биде погодена од затворањето на славините за гас

Во средата на 31 декември, претставници на украинското претпријатие „Нафтогас“ и на рускиот концерн „Гаспром“ преговараа за нов договор, но без резултат. „Нафтогас“ во последен момент исплати најголем дел од неговиот долг кон „Гаспром“, меѓутоа не ја плати и казнената такса за задоцнета уплата, која изнесува 450 милиони долари.

Но тоа очигледно не беше причината за пропаѓање на преговорите. Имено за Украина е превисока предложената цена од 250 долари за илјада кубни метри гас. Русија пак говори дека тоа е пријателска цена. Увозниците на гас од Западот наспроти тоа мораат да плаќаат 400 долари за истото количество.

Иако повеќе нема да се испорачува гас од Русија, на Украинците за почеток нема да им буде студено во нивните домови. Земјата има доволно залихи на гас за до крајот на грејната сезона во средината на април.

Западна Европа овојпат е подобро подготвена

Шефот на „Гаспром“ Алексеј Милер порача дека Украина е одговорна за актуелната ситуација. Очигледно тој причините за неа ги гледа пред се‘ во внатрешно-политичката борба за моќ меѓу претседателот Виктор Јушченко и премиерката на Украина, Јулија Тимошенко.

„Стекнуваме впечаток, дека во Украина има политички сили, кои се силно заинтересирани за тоа да има конфликт меѓу нашите две земји околу испораката на гас“, изјави Милер.

Sergei Kupriyanov Pressesprecher von Gazprom

Сергеј Купријанов, портпарол на „Гаспром“

Тој повторно вети дека „Гаспром“ ќе ги исполни своите обврски за испорака на гас во земјите од западна Европа. Јулија Тимошенко пак и‘ вети на ЕУ дека гасоводите во Украина кон Западот нема да бидат затворени. За разлика од пред три години, кога имаше сличен спор, Западна Европа според наводите на експертите и на политичарите, овојпат е добро подготвена. Капацитетите за складирање на гас се полни. Германскиот министер за економија Михаел Глос вчера порача дека снабдувањето со гас во Германија е гарантирано. Тој притоа ги повика Украина и Русија да го надминат спорот што е можно побргу.