1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Русија – влада – оставка

*

Владата на рускиот премиер Михаил Фрадков поднесе оставка. Претседателот Владимир Путин ја прифати колективната оставка и порача дека владиниот апарат мора да се подготви за претстојните избори. На почетокот на декември имено ќе се бира нов парламент, додека во март до година нов претседател на државата. Според руските медиуми, на местото на премиерот Фрадков треба да дојде вице-премиерот Сергеј Иванов, кој потоа треба до година да стане и наследник на Путин. Фрадков, кој на должноста стапи на почетокот од 2004-та, треба да продолжи до изборот на нов премиер од страна на парламентот.