1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија бара меѓународна солидарност во борбата против тероризмот

Русија ги поврза самоубиствените напади во Волгоград со нападите на милитанти во САД, Сирија и други земји, барајќи меѓународна солидарност во битката против терористите.

„Нема да се повлечеме и ќе продолжиме со нашата постојана битка против подмолниот непријател, кој може да биде победен само заеднички“, нагласи руското Министерство за внатрешни работи.

Оваа институција не посочи директна вина на некоја конкретна група за нападите во Волгоград, но оцени дека тие дојдоа веднаш по заканите од милитантите како Доку Умаров, лидерот на исламистичкиот бунт во Северен Кавказ, кој ги повика борците да ја спречат Русија да ги одржи Зимските олимписки игри во февруари.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги осуди напите во Русија. Осуда стаса и од францускиот претседател Франсоа Оланд, кој се согласил на „интензивирана соработка меѓу специјалните сили во борбата против тероризмот“.

Russland Wolgograd Explosion Anschlag Bahnhof

Вчера се случи самоубиствен напад и на железничката станица во Волгоград

Поврзаност на нападите

Во денешниот самоубиствен бомбашки напад на тролејбус во Волгоград загинаа најмалку 14 луѓе. Вчера, пак, имаше самоубиствен напад на железничка станица кој однесе 17 животи. Тоа ги зголеми грижите за безбедноста на Олимпијадата.

Претседателот Владимир Путин издаде наредба за зајакната безбедност низ земјата. Руските истражни органи отворија кривична истрага за терористички напад, како и за нелегално носење оружја.

„Експлозивите (во денешниот напад, н.з.) биле детонирани од маж бомбаш-самоубиец. Остатоци од неговото тело се најдени и земени за генетски анализи за да се утврди неговиот идентитет“, рече Владимир Маркин, портпарол на Истражниот комитет на Руската Федерација.

Тој додаде дека четирите килограми ТНТ експлозив биле исти како оние употребени при вчерашниот напад на железничката станица.

„Тоа ја потврдува теоријата дека двата напади се поврзани. Можно е тие да биле подготвени на исто место“, додаде Маркин.

Руските органи воведоа дополнителни безбедносни мерки во Волвоград и побараа разбирање од граѓаните за можните дополнителни контроли на улица.