1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русија бара меѓународна конференција за Сирија

Меѓународна конференција за Русија има повеќе смисол од зголемување на притисокот со санкции или закани со насилство, оцени рускиот заменик министер за надворешни работи Генади Гатилов. Израел остро ја напаѓа Москва.

Русија е се‘ повеќе загрижена поради конфликтот во Сирија, тврди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Сепак, Кремљ и натаму отфрла странска интервенција. Русија со ваквиот став не сака да го штити претседателот на Сирија Башар ал-Асад, нагласува Лавров. Сирија е компликувана мултиконфесионална држава и „ние знаеме дека дел од оние

Russlands Außenminister Sergei Lawrow in Syrien

Сергеј Лавров

кои бараат воена интервенција сакаат тоа да го уништат и сакаат да ја претворат Сирија во борбено поле за владеење со исламскиот свет“, нагласи Лавров, образлагајќи зошто неговата земја е против воена интервенција однадвор. За да се спаси планот на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига Кофи Анан, Москва бара меѓународна конференција, на која би учествувале постојаните членки на Советот за безбедност, ЕУ, како и влијателните држави во регионот.

Во меѓувреме, насилството во Сирија продолжува. Само во текот на вчерашниот ден, според наводи на активисти, загинале над 80 цивили. Дел од нив загинале при бомбардирањето на градот Дара.

Schaul Mofas

Шаул Мофас

Израелскиот вице-премиер Шаул Мофас го обвини сирискиот претседател Башар ал-Асад за геноцид. Тој во изјава за израелското армиско радио денеска (10.06) изјави дека меѓународните сили даваат само „бледи осуди“, наместо да го урнат Асад. Молкот на светските сили е спротивен на сета човечка логика, критикува Мофас, кој тврди дека најлошо се однесува Русија која „и натаму му лиферува оружје на убиствениот режим на Асад“. Москва ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека не се лиферува оружје кое би нашло примена во војната во Сирија.