1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русите на избори без избор

Претседателот Дмитриј Медведев се залагаше за поголема конкуренција на политичката сцена. Реалноста е сосема спротивна. На парламентарните избори во декември шанса ќе имаат само партиите верни на Кремљ и Комунистите.

default

Руската Дума во Москва

На 4 декември, околу 110 милиони граѓани со право на глас во Русија се повикани да се изјаснат за составот на новата Дума. На изборите дозволено е учество на седум партии, од кои само три имаат шанси да влезат во парламентот. Западните набљудувачи и борците за човекови права не очекуваат слободни и демократски избори. Со оваа проценка очигледно се согласни и мнозинството Руси. 54 процени се уверени дека тоа ќе бидат наводни избори. Според една анкета на реномираниот московски Левада центар, речиси две третини од испитаниците (60 проценти) се изјасниле дека изборите за Думата се борба меѓу бирократските кланови, кои се заинтересирани за пристап до средствата од буџетот и другите државни ресурси. Во ваква атмосфера денеска (23.09.11) почнува завршната фаза од изборната кампања.

Обединета Русија- како некогашната КПСССР?

Putin vor Logo der Partei Einiges Russland

Обединета Русија најсилна политичка партија

Најголемата партија во земјата Обединета Русија е дете на рускиот премиер Владимир Путин. Десно-конзервативната партија со руска мечка на логото е основана во декември 2001 година и за неколку години израсна во најсилна политичка сила. На парламентарните избори во 2007 година, „Партијата на моќта“, како што се нарекува во Русија, освои двотретинско мнозинство. Според анкетите, сега повторно може да смета на истиот резултат. Нејзниот претседател и актуелен премиер на земјата, и натаму е најомилениот политичар во Русија.

Обединета Русија меѓутоа сметаат критичарите, а меѓу нив и поранешниот советски претседател Михаил Горбачов, има големи сличности со некогашната Комунистичка партија на Советскиот сојуз. Имeно, слично како некогашната Комунистичка партија, партијата на Путин се обидува да доминира во се’ и да ги елиминира политичките конкуренти.

Комунистите втора сила

Комунистичката партија на Руската федерација е единствената опозициона сила во

Russland Wahlen KP-Chef Gennadi Sjuganow

Генадиј Сјуганов

Парламентот, и во тоа нема ништо да се смени. Според анкетите, на изборите на 4 декември Комунистите би можеле да освојат до 18 проценти гласови и со тоа да го подборат резултатот од пред четири години (11,6 проценти). Со таков резултат повторно би биле втора политичка сила во Думата.

Најдобриот резултат, партијата која се залага за повраќање на Советскиот сојуз, социјализмот и планското стопанство, го постигна во 90-тите години. На претседателските избори во 1996 година шефот на партијата Генадиј Сјуганов се избори за втор круг избори, кои сепак ги загуби од тогашниот руски претседател Борис Јелцин.

Десно популистите на линија на Кремљ

Logo Russland politische Partei LDPR

Десните популистите не се сериозна конкуренција за Кремљ

Трета политичка сила, која не мора да стравува дали ќе влезе во парламентот се Либералдемократите. Анкетите предвидуваат дека партијата на деснопопулистот Владимир Шириновскиј ужива доверба кај 10 до 13 проценти од гласачкото тело. Со години оваа партија го подгрева расположението против доселениците во Русија. И овојпат партијата ќе ја води изборната кампања под мотото „Ние сме за Русите“. Со оглед на тоа што на гласањата во парламентот најчесто му е верна на Кремљ, Либералдемократите не претставувата конкуренција за Обединета Русија.

Партијата Правдена Русија, досега застапена како четврта политичка сила во Думата, овој пат мора да стравува за гласови. Според прогнозите, партијата засега има нешто помалку од потребните седум проценти гласови за влез во парламентот. Партијата се карактаризира како социјадемократска и се смета за блиска до Кремљ.

Опозицијата без шанси

Критички настроените опозиционери во Русија и овојпат нема да играат никава улога. Ситуација која им е добро позната на прозападно ориенитраните политичари, како негогашниот вицепремиер Борис Немцов. И оваа година, тој и неговите

Gründungsparteitag der demokratischen Opposition in Russland

Опозиционерите немаат шанси на изборите

сојузници се исклучени од учество на парламентарните избори. Руското министерство за правда на крајот на јуни не и издаде дозвола на Партијата на народен фронт за учество на изборите.  Наводно на листата на членовите биле наведени починати лица. Водачите на партијата, меѓу нив и поранешниот премиер Михаил Касјанов, го сметаат ова за „шиканирање“.

Анкетите предвидуваат дека опозициските партии секако немаат голем број поддржувачи. Истото важи на пример и за партијата Јаблоко, која од 2003 година не може да влезе во парламентот. На гласовите од прозападно ориентираните гласачи овојпат можеби можеше да смета новоформираната партија Праведност. Меѓутоа партијата самата се демонтираше уште пред почетокот на кампањата. Нејзиниот претседател, рускиот милијардер Михаил Прохоров поднесе оставка. Во партијата беше извршена инфилтрација и со тоа стана марионета на Кремљ, изјави тој. Кремљ демантираше. Кој и да е во право, партијата веќе нема да игра никаква улога во руската политика.

Автор: Роман Гончаренко/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски