1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русеф ја одложи посетата на САД поради НСА

Шпионската афера околку американската тајна служба НСА во Бразил ги оптоварува односите меѓу двете земји. Претседателката Русеф ја откажа посетата на Вашингтон и се залага за расветлување на околностите.

Претседателката на Бразил Дилма Русеф во октомври нема да отпатува за Вашингтон. Причина се шпионските активности на САД во Бразил. Претседателскиот кабинет во Брзилија преку соопштение информираше дека со оглед недоволното расветлување на инцидентите нема услови за посета. Русеф и американскиот претседател Барак Обама телефонирале на почетокот на неделава и постигнале согласност за одлагање на посетата, потврди портпаролот на Обама, Џеј Карни.

Позадина за дипломатските тензии се медиумските информации, според кои американската тајна служба НСА ја надгледувала телефонската и и-мелј комуникација на бразилската претседателка. Исто така и најголемото претпријатие во земјата, државно контролираниот нафтен концерн „Петробрас“, бил во визирот на НСА.

Нема нов термин

Претседателскиот кабинет во Базилија во овој контекст смета дека „нелегалните пракси“ како шпионирање на податоци на граѓаните, претпријатијата и членови на бразилската влада биле сериозен акт кој е неспоив со демократскиот однос меѓу две пријателски земји. Претседателот Обама наведува дека жали за грижите на Бразил и го разбира откажувањето на посетата на Русеф. Нов термин за посета засега не е утврден.

Русеф на самитот на Г20 на почетокот на септември лично го повика претседателот Обама да ги обелодени сите детали за активностите на НСА во Бразил. Откритијата за шпионажа потекнуваат од поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден, кој ја обелодени програмата на НСА „Призма“.