1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Русеф предлага референдум за реформи

Бразилската претседателка Дилма Русеф сака да ги смири демонстрантите во земјата со инвестиции во превозот. Освен тоа, граѓаните треба да се изјаснат за свикување Уставно собрание кое би работело на политички реформи.

Масовните протести во Бразил ја натераа претседателката Дилма Русеф да предложи одржување рефрендум на кој ќе се одлучи дали да биде свикано Уставно собрание чија задача би била да работи на опширни реформи.

„Бразил е зрел да оди натаму и стави јасно до знаење дека не сака да стои во место“, изјави Русеф. Таа имаше кризна седница со гувернерите и градоначалниците, како и со претставниците на протестното движење во

земјата. Потоа излезе со предлог за пет реформски пакети, меѓу кои и подобрување на јавниот превоз, на здравствениот систем и на образованието.

Темата политичка реформа е често на агендата во Бразил. Сега треба да се преземе иницијатива за да се излезе од ќорсокакот. Сепак, последниот збор околу евентуалното одржување референдум го има Конгресот. Во Бразил, инаку, и во текот на вчерашниот ден илјадници луѓе излегоа на улиците да демонстрираат против корупцијата и високите трошоци за големи спротски настани, како и да барат подобрување на здравствениот и образовниот систем.