1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рупел: очекувам повторените избори да бидат демократски

Словенечкиот министер за надворешни работи Димитри Рупел на претставниците на македонскиот државен врв им порача дека ЕУ очекува в недела Македонија, нејзините институции и партиите да спроведат фер избори

Македонија е важен дел од Балканот, таа е котва на стабилноста и пример за мултиетнички соживот, потенцираше Рупел во разговорот со македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски во Скопје.

Со оваа порака Брисел го засилува апелот до Македонија- в недела да биде искористена шансата за поправен испит по инцидентите на парламентарните избори на 1 јуни.