1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рупел во Скопје

Македонските власти под притисок за компромис во спорот со Грција за уставнотот име. Словенечкиот шеф дипломат Рупел, кој во Скопје ќе разговара со државниот врв, смета дека проблемот треба да се реши уште овој месец.

default

Словенечкиот министер за надворешни работи Рупел доаѓа во Скопје

Македонија нема други проблеми во исполнувањето на НАТО критериумите освен името. Тоа може да ја оптовари нејзината евроатланска интеграција, изјави Димитриј Рупел. Наближуваат судбоносни одлуки и мислам дека треба да се побрза при решавањето на проблемот со името, зошто Грција има поголем маневарски простор со правото на вето, смета Рупел. Словенечкиот министер за надворешни работи Рупел денеска во Скопје ќе има средби со македонските власти.