1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Рударот Ралф Кутковски од Сарлуис

Работното место на Ралф Кутковски се наоѓа на длабочина од 1000 метри. Инженерот за рударство од Сарлуис се‘ уште работи во еден рудник. Неговото окно треба да се затвори во 2012 година.

default

05:30 часот наутро, а Ралф Кутковски е веќе буден. 44-годишникот е навикнат да започнува со работа кога останатите уште спијат. Во огромната соблекувална на рударското окно Духамел, рударот ја зема неговата корпа со работна и заштитна облека која е закачена за плафонот. Таму висат околу 3000 вакви корпи, закачени на синџири, за секој рудар по една. Кутковски работи под земја од неговата 22 година. И неговиот татко и дедо биле рударски работници во Сарлуис, недалеку од француската граница.

За Куте, како што сите го викаат Кутковски, смената започнува со облекување на заштитната облека: шлем,

Gesichter Deutschlands Porträt RaKuP1

Кутковски работи под земја од неговата 22 година

светилка на главата и ремен со маска за кислород, за случај на несреќа. Во случај на експлозија под земја, рударот со маската би имал кислород уште 90 минути...

Безбедноста е најважна

Работата под земја е опасна. Затоа инженерот за безбедност уште еднаш ја проверува опремата на секој рудар поединечно, пред да се спуштат во окното. Рударите долу стигнуваат со лифт поставен уште во 1918 година. Може да се видат неговите цилиндри и сајлите. Лифтот работи седум дена неделно, 24 часа дневно. Кутковски слепо и‘ верува на машината и вели дека таа е стара, но екстремно безбедна. Ралф Кутковски работи 21 година под земја и напредувал во кариерата. Сега е инженер за рударство. Кутковски, висок 1, 86 м, се‘ уште ја сака својата работа, која е неговата професија од соништата.

По пристигнувањето на длабочина од 1000 метри, електричниот воз го превезува рударот до местото на ископување. Патот низ тунелот трае 50 минути.

Gesichter Deutschlands Porträt RaKuP2

Кутковски, висок 1, 86 м, се‘ уште ја сака својата работа, која е неговата професија од соништата

Температурата е висока, околу 30 степени целзиусови. Рударите се облеани со пот и прекриени со прашина од јаглен. Воздухот мириса на хидраулично масло.

Рудникот за јаглен се надживеа

Индустријата во Германија порано се базирала на јагленот. Регионите богати со јаглен во областите Рур и Сар биле подвижна сила на економскиот развој. „Во Сар се ископува јаглен од 1830 година“, раскажува Ралф Кутковски. Сега се гледа крајот на историјата на рударството овде. Во погон се само уште неколку рударски окна. Увозниот е поевтин од домашниот јаглен, макотрпно ископан на длабочина од 1000 метри.

Рударското окно каде работи Ралф Кутковски веројатно ќе биде затворено во 2012 година. Тоа би бил крај на една ера, за Саарланд, но и за Ралф Кутковски. Сепак, неговата фирма му понудила друго работно место, кое е оддалечено

Gesichter Deutschlands Porträt RaKuP3

Понекогаш посетува големи манифестации со акробатски авиони во Чешка или Англија

500 километри. За оние кои работат таму веќе 25 години има великодушни одредби за пензиите. Ако дојде до тоа и Ралф Кутковски би се пензионирал. Тој сака да ужива во животот со сопругата Габи и двете ќерки, Михеле и Марина.

Време за хоби

Ралф Кутковски има хобија и не би требало да му биде здодевно. Во подрумот на неговата куќа тој прави модели на железница, или на авиони. Досега има склопено стотици. Понекогаш посетува големи манифестации со акробатски авиони. Тие се забранети во Германија поради опасностите за гледачите, па затоа тој патува во Чешка или Англија. Понекогаш оди со неговиот гломазен моторцикл. Тоа е уште една страст на рударот.

Автор: Усман Шеху / Јасна Мушиќ - Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови