1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

РТК: Харадинај денеска се враќа на Косово

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и поранешен командант на ОВК Харадинај, на кого во Хаг му се суди за воени злосторства, денеска се враќа во Приштина. Трибуналот одлучил да го пушти на привремена слобода.

default

Разгледувајќи го барањето на одбраната на Рамуш Харадинај нивниот клиент да биде привремено ослободен, советот на Хашкиот трибунал одлучил да му се овозможи привремена слобода до изрекувањето на пресудата во повторениот судски процес, во кој е обвинет за воени злосторства, наведува Радио-телевизијата Косово (РТК). Портпаролот на судот во Хаг Нерма Јелачиќ вчера (09.05) не сакала ниту да ги потврди, ниту да ги демантира наводите за пуштањето на Харадинај.

Харадинај и уште двајца поранешни припадници на ОВК - Идриз Баљај и Љахи Брахимај, се обвинети за извршени злосторства против човештвото и кршење на законот и обичаите за војување на Косово во 1998-ма година. Завршните зборови во постапката против нив треба да бидат изнесени на 25-ти и 26-ти јуни.

Харадинај е во притворот на Тирбуналот во Шевенинген од 20 јули 2010 година, откако во Приштина беше уапсен по налог на Жалбениот совет на судот, којшто ја поништи првостепената ослободителна пресуда, изречена во 2008-ма година и наложи делумно повторување на судењето.