1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Роџер Цицеро патува во Хелсинки

Германија на годинешниот избор на песна на Евровизија во Хелсинки ќе биде претставена од Роџер Цицеро . Свинг мелодијата „Фрауен регирен ди Велт“ или „Жените го владејат светот“ освои најмногу гласови од тв-публиката на вчерашниот национален избор што се одржа во Хамбург

Роџер Цицеро ќе ја претставува Германија на Евровизија

Роџер Цицеро ќе ја претставува Германија на Евровизија

36 годишниот музичарот Роџер Цицеро имаше одличен тајминг да ја претстави својата песна кандидат за претставник на Евросонг. Тој на Меѓународниот ден на жената , пееше : Жените го владеат светот и убедливо победи зад останатите двајца конкуренти , рок музичарот Хејнц Рудолф Кунце и женскиот бенд Монроус .

Цицеро не криеше дека солзите биле блиску кога дозна за победата

„ Јас бев целосно обеземен и воопшто не множев да поверувам а и солзите беа многу блиску , мора да признаам .

Задоволни од успехот на Цицеро беа и голем број љубители на музиката во Германија:

„Супер успех , Одлучно.

Да супер. Јас истотака глкасав за него . Извонредно

Што се однесува до конкурентите на Цицеро , рокпејачот Кунџце искусно и смирено го прифати поразот , додека младите девојки од кастинг-бендот Монроуз многу поемотивно покажаа колку посакувале да настапат на бината во Хелсинки:

„Да како што можеше да се види , нормално протекоа и неколку солзи , што мислам дека е нормално во една ваква ситуација . Во тој момент човек си мисли , штета , и ние радо би патувале во Хелсинки“ – рече Бахир Кицил една од трите девојки на Монроуз .

И неизбежно на крајот Роџер Цицеро , беше прашан што очекува од Евросонгот во Хелсинки:

„Секако , ние ќе победиме . Не. Се шегувам . Значи ќе отпатувам таму за да го дадам најдоброто од себе“ .

Поврзана содржина