1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Росток денеска е мирен

Демонстрации пред самитот на Г8 имаше и денеска во Росток, но за разлика од саботните, поминаа мирно.

default

Демонстрациите во саботата беа насилнички

Според полицијата само околу илјада учесници за кратко го блокираа уредот за странци, со образложение дека тие органи на власта “секојдневно ги шиканират и прогонуваат бегалците и мигрантите”. Интересно е дека меѓу демонстрантите имало и 200 до 300 од насилнички настроените, кои во саботата ги предизвикаа инцидентите, но овој пат останаа мирни. Инаку, не стивнуваат реакциите на настаните од саботата попладнето и вечерта.

Angela Merkel Video-Podcast zum G8-Gipfel

Ангела Меркел

“Насилството не може да се оправда со ништо. Полицијата сега секако ќе изврши грижлива анализа. Имам целосна доверба во полицајците” – рече канцеларот Ангела Меркел.

Зборови на критика за насилството искажа и копретседателот на Зелените Клаудија Рот: “Многу остро го осудувам насилството од поединци, кои му направија мечкина услуга на мирољубивиот, шаренолик и креативен протест”.

Deutschland Bayern CSU Günther Beckstein Pressekonferenz München

Гинтер Бекштајн

Покраинскиот министер за внатрешни работи на Баварија, Гинтер Бекштајн, дел од вината им префрла и на организаторите: “Мора недвосмислено да се каже дека одговорни се насилниците. Тоа не се некакви добри луѓе, туку гангстери од кои произлезе насилството. Но, и организаторите морат да си упатат прекори сами на себе оти имат барем голема морална соодговорност. Тие немаа доволно редари. На полицијата не може ништо да и’ се префрли”.

Виновници, но на сосемa друга страна, гледа Оскар Лафонтен од Левичарската партија: “Се разбира, не сме среќни што некои насилнички настроени хаотичари во таа мера ги нарушија мирните демонстрации. Но, би сакале да укажеме и на тоа дека имаме поплаки на насилството на насобраните државници, оти тие се одговорни за војни”.