1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Росток демонстрации

Најмалку 400 полицајци се повредени за време на синоќешните демонстрации во Росток на противниците на глобализацијата, кои прераснаа во судир со силите за безбедност. 30 од нив според последните информации се со сериозни повреди. Нема информации за бројката повредени демонстранти од чии редови се уапсени 78 насилници. Полицијата мораше да употреби водени топови за да ја растера масата противници на претстојниот самит на Г8 во Хајлигендам. Преставниците на мрежата Атак кои ги организираа демонстрациите изјавија дека не носат одговорност за немилите настани