1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Роналдињо, најдобар светски фудбалер во 2004

Напаѓачот на фудбалскиот клуб Барселона, бразилецот Роналдињо од страна на ФИФА е прогласен за фудбалер на годината. Речиси две третини од 157 светски тренери го дадоа својот глас за најпопуларниот напаѓач на каталонскиот клуб. Во женска конкуренција за најдобра е прогласена германката Бригит Принц

"Изборот за најдобар фудбалер на годината за мене претставува најголема чест, изјави на свечената церемонија во Цирих 24 годишниот Роналдињо, кој им се заблагодари на сите колеги од својот тим кој се заслужни што тој го понесе блескавото признание.

Роналдињо во анкетата доби 620 поени, пред францускиот напаѓач на Арсенал Тиери Анри со 552 и Украинската звезда на Милан Андреј Шевченко, кој освои 253 бодови.

Минатогодишниот светски фудбалер број еден Зинедин Зидан, заврши на четврто место, додека минатогодишниот најдобар европски фудбалер Павел Недвед, беше петти. Во женска конкуренција, големото признание и беше доделено на германката Биргит Принц.