1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ромни се‘ поблиску до претседателска номинација

Мит Ромни победи во уште две американски сојузни држави и останува главен фаворит за претседателски кандидат на Републиканската партија.

Мит Ромни ја засили својата номинација за републикански кандидат на претседателските избори во САД, откако вчера однесе победи во две сојузни држави над главниот ривал Рик Санторум. Ромни убедливо победи во Аризона, и извојува тесна победа во неговата матична држава- Мичиген. Проценките се дека сега тој е во голема предност пред клучното гласање во 10 сојузни држави закажано за следната недела.

Останатите двајца кандидати за номинацијата, Рик Пери и Њут Гингрич, далеку заостануваат зад двајцата главни ривали, Ромни и Санторум, и речиси ги загубија шансите за победа.

Изборите во САД се одржуваат во ноември, а републиканците треба до јуни да изберат кандидат кој ќе му се спротивстави на актуелниот претседател, демократот Барак Обама.

Автор: БГ/миа/ап

Редактор: Ж. Ацеска