1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ромни официјално избран за претседателски кандидат

Републиканската изборна конвенција мораше да го дели фокусот на јавноста со ураганот „Ајзак“ Меѓутоа тое не е единствениот проблем за Мит Ромни сега веќе официјалниот ривал на Обама за претседателската функција.

Со него на чело американската Републиканска партија сака да победи во битката за Белата Куќа. 65-годишниот поранешен гувернер Мит Ромни во ноември ќе настапи на претседателските избори како противкандидат на актуелниот шеф на државата Барак Обама. Со големо мнозинство од повеќе од 2.000 делегати на републиканската изборна конвенција во Тампа во сојузната држава Флорида, беше официјално поддржана номинацијата на Ромни за претседателски кандидат на партијата.

Немаше никакви дилеми за исходот на гласањето на конвенцијата, со оглед дека Ромни освои доволен број делегатски гласови на внатрепартиските предизбори за претседателската кандидатура. Меѓутоа формално, според наводите на републиканците, тој важи за кандидат дури откако ќе ја прифати номинацијата во неговиот говор на крајот од конвенцијата во четврток.

Покрај тоа во Тампа беше поддржана и номинацијата на Пол Рајан за потпретседателската функција. Ромни во средината на август го претстави

Ann Romney

Ен Ромни

42-годишниот конгресмен од Висконсин за свој партнер во изборната трка, Пол Рајан важи за нова ѕвезда на Републиканската партија.

Похуман лик за Ромни

Сега пред Ромни претстои задача да ги помири и обедини различните фракции во партијата. Така на пример популистичкото движење Ти Парти се’ уште не стои одлучно зад неговата кандидатура.

Најнапред меѓутоа настап на конвенцијата имаше сопругата на Ромни, Ен. Во нејзиниот нагласено чувстителен говор таа го претстави претседателскиот кандидат како пријатен, симпатичен човек како и добар сопруг и добар татко на пет деца. Во јавноста Ромни повеќе остава впечаток на ладен успешен деловен човек, кој во односот со едноставните луѓе секогаш делува малку здрвено.

Покрај тоа изборниот тим на претседателот Барак Обама во изминатите недели успешно работеше на претставување на негативна слика на Мит Ромни: Мултимилионер со проблематичен даночен морал, финансиски инвеститор без обзири кон работниците, поранешен гувернер без политичка тежина. Сега Ромни мора да возврати со позитивен против удар.

Обраќање до неодлучните гласачи

Партиската конвенција во Тампа на Ромни му нуди сцена на која на околу два

Mitt Romney Paul Ryan NEU

Мит Ромни и Пол Рајан

месеци пред претседателските избори на 6 ноември може да им се презентира на гласачите кои се’ уште не одлучиле за кого ќе го дадат својот глас. Во изминатите денови финансискиот инвеститор и поранешен гувернер на сојузната држава Масачусетс интензивно се подготвуваше за обраќањето на конвенцијата. Во популарноста тој заостанува зад Обама, покажуваат анкетите.

Насловите во медиумите на републиканците меѓутоа во моментов им ги „краде“ ураганот „Ајзак“. Бурата ги потисна Ромни и републиканската конвенција како топ-тема во телевизиските вести. Покрај тоа изборниот конгрес поради „Ајзак“ мораше да започне со еден ден задоцнување. Други промени во партискиот возен ред поради невремето не се исклучени.