1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ромни или Гингрич?

Предизборите на американските републиканци добиваат на динамика и неизвесност. Денеска, во сојузната држава Јужна Каролина, се очекува трка рамо до рамо на Мит Ромни и Њут Гингрич.

default

Њут Гингрич и Мит Ромни

Кој ќе биде противникот на Барак Обама на наредните избори во САД? Републиканците во сојузната држава Јужна Каролина денеска гласаат за кандидат на партијата за претседателските избори што треба да се одржат на почетокот на ноември. Според анкетите, досегашниот фаворит Мит Ромни може да се надева на победа, но на досега фаворизираниот поранешен гувернер во изминатите денови не му успеа да ја потврди предноста што ја имаше досега.

Причина за тоа се пред се’ критичките прашања околу неговото лично богаство и даноците што ги плаќа. Одговорите на Ромни, екс-претприемач и

US-Vorwahlen der Republikaner in New Hampshire

Трката ќе биде решена веќе денеска или...?

мултимилионер, не ги задоволија избирачите. Поради тоа, во анкетите својата позиција ја подобри поранешниот претседател на Претставничкиот дом, Њут Гингрич, кој беше убедлив и во две телевизиски дебати.

За сите кандидати од редовите на републиканците, предизборите во Јужна Каролина значат многу. Доколку победи Ромни, тогаш неговата вкупна победа е речиси сигурна и тој би бил противник на Барак Обама на претседателските избори во ноември. Но, доколку Ромни се „сопне“, тогаш борбата во редовите на републиканците може да биде долга и на нивниот кандидат за претседателските избори да се чека долго. Покрај Ромни и Гингрич, канидати се и поранешниот сенатор Рик Санторум и пратеникот Рон Пол. Во четвртокот (19.01) од трка се повлече тексашкиот гувернер Рик Пери. Републиканците официјално го номинираат својот претседателски кандидат на крајот на август на национален партиски конгрес.

Автор: Елизабета М. Фиданоска/ дпа/дапд/ртр

Редактор: Александар Методијев

DW.COM