1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ромни го избра Рајан за потпретседател

Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни го одбра конгресменот Пол Рајан за заменик-претседател на САД во трката за пораз на Барак Обама на претседателските избори во САД. Во меѓувреме, рејтингот на Ромни паѓа.

Американските медиуми ЕнБиСи њуз и Хофингтон пост информираат од извори во тимот на Ромни дека ваквата одлука и официјално ќе биде соопштена во текот на денот. Од тимот кој ја води кампањата на Ромни информираат дека изборот е направен од пократка листа на кандидати, во која освен конгресменот од Висконсин Пол Рајан, биле вклучени и сенаторот од Охајо Роб Портман и поранешниот гувернер на Минесота Тим Пауленти.

Неделите минати во кампања се чини дека не вродуваат со плод, како што покажува последната анкета спроведена од телевизиската мрежа Фокс њуз, која сугерира за пад на неговата поддршка меѓу избирачите.

Од друга страна, демократскиот кандидат и актуелен претседател на САД Барак Обама ја зголемил својата предност во анкетите, особено меѓу независните избирачи, покажува истата анкета.

Mitt Romney

Анкетата на Фокс њуз покажува пад во поддршката за Ромни

По бомбардирањето со предизборните огласувања, негативниот извештај за патувањето во странство на Ромни и постојаното актуелизирање на неговите проблематични даночни пријави довеле до намалување на неговата популарност.

Оттаму, Обама ја оствари најголемата предност откако Ромни стана веројатен претседателски кандидат на републиканците. Според анкетата, Обама би добил 49 отсто од гласовите во однос на 40 отсто за Ромни, доколку изброите би се одржале во моментов. Минатиот месец, на пример, Обама имаше предност од четири проценти. Анкетата покажала дека околу 30 отсто од независните избирачи се неопределени за кого да гласаат.