1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ромни во посета на Израел

Во САД во ноември ќе биде избран новиот Претседател. Републиканскиот кандидат за функцијата, Мит Ромни, собира политички поени со посета на Израел. Ромни е близок сојузник на Израел, кој му се заканува на Техеран.

Израел е втората станица во рамките на повеќедневната турнеја во странство на номинираниот републикански кандидат за американски претседател. За денеска се планирани разговори меѓу другото со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот Шимон Перес. На програмата е и средба со палестинскиот премиер Салам Фајад.

Блискиот сојузник Израел

Ромни, кој вчера пристигна во Тел Авив, во изборната кампања досега постојано се презентираше како близок сојузник на Израел, залагајќи се за поостар приод во спорот околу иранската атомска програма. Притоа, Мит Ромни на владата во Техеран и‘ се закани и со воен удар.

„Ако заклучиме дека се изцрпени и неуспешни сите сите средства. ќе мораме да земеме во предвид воена опција“, изјави Ромни, оценувајќи го Иран со неговото атомско оружје како најголема опасност по светот, САД и по егзистенцијата на Израел.

Посета на Лондон

Номинираниот републикански кандидат за американски претседател во Израел пристигна од Лондон, каде со изјавите околу организацијата на Олимписките игри си предизвика бројни непријатности и ги разлути многумина од Британците. Причина: Мит Ромни јавно искажа сомнеж дали Велика Британија е воопшто доволно подготвен аза Игрите.

Овој гаф на Ромни го искористи американскиот претседател Барак Обама, кој демонстративно го пофали високиот квалитет на подготовките на Британија за Олимписките игри. Велика Британија е традиционално најблисок сојузник на САД.