1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ромни во Израел во трка по изборни гласови

Републиканскиот кандидат за американски претседател се обидува да ги собере и гласовите на еврејските гласачи во САД. Посета на Израел притоа е од корист, затоа што се цели на гласовите од произраелските гласачи.

Кандидатот за Белата куќа од Републиканската партија Мит Ромни при својата посета на Израел потенцираше дека иранското нуклеарно вооружување претставува закана за светот. Тој ја сфаќа сосем сериозно, рече Ромни на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим. Нетанјаху можеше само да се согласи со него.

Санкциите и преговорите со Иран досега немаа никаков резултат, истакна Нетанјаху, затоа е потребна паралелно и силна воена закана. Алудирајќи на случувањата во арапскиот свет израелскиот премиер изјави:

„Во овие големи превирања Израел е единствениот стабилен демократски сојузник на САД„.

Израел е втората станица во рамките на повеќедневната турнеја во странство на номинираниот републикански кандидат за американски претседател. Целта на турнејата е негово меѓународно профилирање. Ромни изјави дека ситуацијата во Сирија и во Египет е исто така една од централните теми при разговорите во Израел. Неговата посета на Израел се толкува како обид да ги привлече на своја страна произраелските гласачи во САД на претседателските избори во ноември. Ромни се сретна и со израелскиот претседател Шимон Перес.На програмата е и средба со палестинскиот премиер Салам Фајад.